Советот за безбедност на ОН не ја изгласа руската резолуција за Украина

Совет за безбедност на ОН / Фото EPA-EFE/JASON SZENES

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа не ја одобри руската резолуција во која се нагласуваа растечките хуманитарни потреби на Украина, но без да се спомене руската инвазија што ја предизвика кризата.

За усвојување на резолуција потребни се најмалку девет гласа во вкупно 15 членови, и да нема вето од останатите четири члена со право на глас. Но, на денешното гласање Русија доби поддршка само од Кина, а 13 други членки на СБ беа воздржани.

Нацрт-резолуцијата Русија ја поднесе на 15 март, а гласањето за неа беше неколкупати одложувано.

Генералното собрание на ОН денеска почна да разгледува друга резолуција, подготвена од Украина и уште дваесет земји и коспонзорирана од 100 држави, во која се наведува дека руската агресија е одговорна за растечката хуманитарна вонредна состојба во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот