На седницата на Советот за безбедност на ОН беа прикажани фотографии на жртвите во Украина/Фото; TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Советот за безбедност на ОН ќе се состане по повод американските напади на Блискиот Исток

Советот за безбедност на ОН во понеделник ќе одржи итен состанок за американските напади во Ирак и Сирија, што ги почна како одмазда за смртта на тројца американски војници, изјавија дипломатски извори за француски медиуми.

Состанокот, што го побара постојаната членка Русија, ќе се одржи во понеделник во 16:00 часот по локално време (21:00 по Гринич), соопштија дипломатски извори.

Ќе се разговара за нападите што Вашингтон ги изврши против групите поддржани од Иран кои ги обвини за напад на американски војници во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот