Сотир Костов: Нема да кријам, владата на ВМРО-ДПМНЕ поради татко на министер во 2013 сокри сериозен воздухопловен инцидент

М-НАВ/ Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот заменик-директор во М-НАВ, Сотир Костов откри дека пред 10 години имало сериозен инцидент на, како што вели, горно небо, кога бил избегнат суди на два авиона.

– Јас сум човек кој нема периз на јазикот. Јас само ова го зборувам за членовите на Владата. Ќе им кажам, нека си погледнат 2013 година, на затворена седница на Влада каде што се разгледуваше Извештајот за сериозен инцидент од 7.5.2013 година. Сериозен инцидент на горно небо, кога два авиона за малку ќе се судреа и ќе настанеше катастрофа од невидени размери, изјави Костов во Студио 10 на ТВ 24.

Според него, за да се избегне инцидентот клучна била присебноста на двајцата контролори и двајцата пилоти.

– Тој инцидент го сокри Фарко (Фахрудин Хамиди) како раководител на SQS. Неговата екипа ги убеди тогашните директори да не го пријават, го откривме ние, пријавивме на министер, пријавивме во влада и дојде до еден судир. И сега пазете, тогаш министер за економија беше Беким (Незири) и Бујар Османи тие си ги одбранија, а им помогна и еден друг министер, за надворешни работи (Никола Попоски). И сега пазете кога ќе имаш директор татрко на министер (Живко Попоски), кога ќе имаш зет директор на министерка, а зборам за директори во М-НАВ, еве до што доаѓа, рече Костов.

Тој порача да се провери што се случило во 2013 година, бидејќи сѐ е документирано и за тоа постои и Извештај, каде ќе се потврди дека се истите актери, кои ни се случуваат после точно 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот