Состанок на големите сили со Иран на 28 јули во Виена

Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина ќе се состанат со Иран во Виена на 28 јули, кога ќе се разговара за начините за спасување на договорот од 2015 година, соопшти генералниот секретар на службата на ЕУ за надворешни работи, Хелга Шмид.

„Средбата беше закажана по барање на Франција, Германија, Велика Британија и Иран, и на неа ќе бидат прашања поврзани со спроведување на договорот во сите негови аспекти”, наведено е во соопштение.

Иран постигна договор во 2015 година со светските сили за ограничување на збогатување  ураниум во замена за олеснување на санкциите.

Во мај минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од тој договор и воведе санкции врз Техеран.

На почетокот на јули оваа година, Иран ја надмина границата од 3,67 проценти за збогатување ураниум, што беше потврдено од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот