Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

За извршување на аквизицијата, конзорциумот го формираше социјалното претпријатие „Глобал Аксес Хелт” (ГАХ), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија

Конзорциум на инвеститори, предводен од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос (СЕДФ) и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс”, ќе финансира купување на британската компанија за дијагностичка технологија „Мологик”, која разви брз, десетминутен тест за откривање на коронавирусот, објави Фајненшл тајмс.

За извршување на аквизицијата, конзорциумот го формираше социјалното претпријатие „Глобал Аксес Хелт” (ГАХ), чија цел е да се прошири пристапот до достапната медицинска технологија.

Членовите на ГАХ, како што е наведено, се подготвени да инвестираат над 41 милијарда долари за финансирање на аквизицијата. Трансакцијата ќе вклучува купување на сите постојни акции на „Мологик”.

„Пандемијата на Ковид-19 болно ги демонстрираше основните нееднаквости во глобалното јавно здравство, а особено клучната важност на пристапот до дијагностички алатки за спасување живот. Во оваа единствена трансакција, филантропските фондови и инвеститорите работат заедно за да се справат барем со дел од овој недостаток, овозможувајќи најсовремената трговска компанија да ги насочи сите свои ресурси кон решавање на еден од најитните светски проблеми со јавното здравство, рече Шон Хинтон, извршен директор на СЕДФ.

„Мологик” неодамна доби милион фунти од британските власти за развој на тестови за Ковид-19, но подоцна ја обвини владата дека ја „цементира” употребата на тие тестови во матичната земја.
Генералниот директор на „Мологик”, Марк Дејвис го поздрави договорот за аквизиција, истакнувајќи дека тоа значи трансформација на неговата компанија во социјално претпријатие, што тој го оцени како „промислен, логичен и природен чекор насочен кон обезбедување прифатлива дијагностика и биотехнологија на местата што се маргинализирани во немилосрдната трка за профит”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот