Соработката на САД со српската БИА ќе биде „длабоко замрзната”

Властите во Србија добиваат сигнали дека официјален Вашингтон не гледа позитивно на изборот на новиот директор на БИА, Александар Вулин.

Според сознанијата на Н1, официјален Белград досега неколкупати добил слични дипломатски пораки, а последната била од американскиот амбасадор Кристофер Хил на средбата со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во понеделникот на 9 јануари.

Н1, повикувајќи се на сигурни дипломатски извори, наведува дека амбасадорот Хил му рекол на Дачиќ дека соработката со БИА ќе биде „длабоко замрзната” во наредниот период и дека по разговорите во Вашингтон било заклучено дека „кадровските решенија” во Безбедносно информативната агенција (БИА) претставуваат голем проблем за САД.

Вулин во времето кога беше министер за полиција имаше неколку средби со секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот