Сончева електрична централа и ветерен парк се двете нови стратешки инвестиции, соопшти Владата

Влада на РСМ / Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 106-та седница, на предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар” дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови” дооел Скопје.

Според мислењето на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, проектот на ЕФТ „Солар” за „Сончева електрична централа Ерџелија” и проектот на Ветерен парк Вирови за „Ветерна електрана Вирови” ги исполнуваат условите од Законот за стратешки инвестиции и со овие одлуки тие се квалификуваат за вадење банкарска гаранција која им е неопходна за целосно затворање на постапката за стратешки инвестиции утврдена со законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот