Сочувство од Советот на амбасадори по повод смртта на Илинка Митрева

Илинка Митрева/Фото: Фејсбук

Советот на амбасадори испрати сочувство до семејството на почината Илинка Митрева.

„Со неверување и тага, ние, нејзините колеги и соработници од Министерството за надворешни работи, ја примивме веста за прераното заминување на Илинка Митрева од нашата средина“ се вели во соопштението.

Илинка, во изминативе три години со внимание ги следеше активностите на Советот на амбасадори и беше наш сериозен поддржувач, додаваат од советот.

Илинка Митрева вложи големи напори и вгради забележлив придонес во афирмирањето на меѓународните позиции на Република Македонија во тешките времиња по осамостојувањето на Македонската држава!

Совет на Амбасадори упати „искрени сочувство до членовите на нејзиното семејство и до нејзините блиски пријатели како и до членовите на академската средина каде таа помина децении на макотрпна и успешна работа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот