Со одлука на владата на Црна Гора: „Монтенегро Ерлајнз“ се гаси, се формира нова компанија

Фото: EPA-EFE/MAURITZ ANTIN

Владата на Црна Гора нема ниту една законска основа за продолжување на животот на „Монтенегро Ерлајнз“, компанијата ќе биде згасната и, истовремено, е најавено формирање на нова, пренесува vijesti.me.

– Не можеме да донесеме да донесеме ниту една законска одлука со која би помогнале на „Монтенегро Ерлајнз, соопшти попладнево Младен Бојаниќ, министер за капитални инвестиции во владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, на денешната прес-конференција во Подгорица.

Ваквата најава од Бојаниќ значи приземјување на флотата на „Монтенегро Ерлајнз“ во најкус можен рок. Тој притоа најави формирање на нова компанија со основачки капитал од Владата, но и нејзина оперативност до претстојната туристичка сезона.

Бојаниќ додаде дека штетата по црногорскиот буџет со згаснување на „Монтенегро Ерлајнз“ ќе изнесува 50 милиони евра, а на вработените им порача дека ќе добијат се што им следува по закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот