Фото: скриншот

Со пушка и во полна воена униформа влегол во автобус во Загреб

Полицијата потврди дека инцидентот се случил и информираше дека приведно е 20-годишно момче.

Невидена драма се одвивала попладнево во Загреб. Жителите на Загреб биле сериозно вознемирени од глетката на маж како стои на автобуската станица на „Дубровничката авенија“ со пушка и во полна воена опрема, објави 24.sata.

Освен пушката в рака, тој врз себе имал облечено маскирно одело.

Луѓето околу него се разбегале во паника, а тој ладнокрвно влегол во автобусот на линијата 219.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил и информираше дека е уапсено 20-годишно момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот