Со легализацијата на канабисот во Албанија, стапуваат на сила 3-те спорни закони на власта

Медицински канабис / Фото: Архива на „Слободен печат“

Објавени се трите оспорени закони на албанската власт. Станува збор за Законот кој дозволува легализација на канабисот за медицински цели, Законот за Академијата на науките и Законот за студентите по медицина. Трите закони кои тивко ги донесе претседателот на Републиката, се објавени во Службен весник на Албанија.

Сите три закони беа изгласани на последната седница на парламентот на 21 јули и покрај оспорувањата на опозицијата и граѓанскиот сектор. Законот за млади лекари ги обврзува студентите по медицина да работат до пет години во Албанија пред да ја добијат својата диплома, во спротивно ќе треба да плаќаат школарина.

Преку бран протести, студентите по медицина се спротивставија на овој закон како дискриминаторски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот