Македонскиот КИЦ во Белград е сместен на улица „Македонска“ бр. 30

Со концерт на хорот „Менада“ и изложбата „Два конца парај“ почнува со работа македонскиот КИЦ во Белград

Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, кој долги години со гордост ја носи титулата „Амбасадор на македонското хорско пеење“, ќе одржи концерт на 11 април, во 19 часот, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград.

Хорот „Менада“, предводен од маестро Ивица Зориќ, ќе се претстави со 50-минутна музичка програма, која во најголем дел ќе содржи духовна музика, а ќе бидат исполнети и неколку македонски евергрин композиции.

Истата вечер, ќе биде отворена и групната изложба со наслов „Два конца парај“, на која со свои дела ќе бидат претставени 24 уметници, кои се своевиден мост на поврзување и пријателство помеѓу македонската и српската ликовна уметност и култура.

КИЦ Белград во соработка со Друштвото на ликовни уметници „Македонци во Србија“, Галеријата „M“ и „Нушиќ Фондацијата“, избраа 50 дела од сите генерации уметници, кои во најголем дел од својот животен век твореле во Белград и во Србија.

– Ова се првите настани што се организираат во КИЦ Белград, кој е сместен на улица „Македонска 30“, а официјалното отворање се планира за во мај – посочи Васко Шутаров, Директор на македонскиот КИЦ-Белград.

Хорот „Менада“ во своето 44-годишно постоење има исполнувано преку 500 ренесансни, класични и современи дела, како и дела од македонската народна музика, духовни песни и евергрин композиции. Маестро Ивица Зориќ има организирано преку 1.000 концерти на класична музика, а за својата долгогодишна успешна работа, наградуван е со врвни државни награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!