Со избрани новинари, Путин ќе ја одржи својата годишна прес-конференција

Говорот на Путин/ Фото EPA-EFE/SERGEY SAVASTYANOV/SPUTNIK

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата маратонска прес-конференција откако минатата година го откажа годишниот декемвриски спектакл, јави ДПА. Прес-конференцијата во живо ќе ја пренесува државната телевизија

Овојпат ќе се одржи прес-конференција за избрани новинари, по што ќе следи сесија со прашања и одговори за обичните Руси наречена „Директна линија со Владимир Путин“.

Руските државни медиуми објавија дека веќе се поднесени повеќе од милион и пол прашања.

Путин, кој е на власт како премиер или претседател од 2000 година, ги одржува овие медиумски настани повеќето години. Понекогаш траат повеќе од четири часа.

Но, минатиот декември тој ја откажа прес-конференцијата за првпат по 10 години. Во тоа време, упатените во Кремљ беа убедени дека Путин сака да ги избегне прашањата на меѓународните новинари, додека неговата армија претрпе серија неуспеси во Украина.

За разлика од претходните прес-конференции на Путин на крајот на годината, овојпат нема формална процедура за акредитација, а Кремљ испрати покани само до избрани новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот