Со четворица привидни ривали и без реална опозиција: Емомали Рахмон реизбран за претседател на Таџикистан

Фото: EPA-EFE/TAJIKISTAN PRESIDENT'S PRESS SERVICE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Емомали Рахмон е реизбран за претседател на Таџикистан. На вчерашните избори со четворица привидни ривали и без реална опозиција, тој победи со над 90 отсто освоени гласови и обезбеди нов седумгодишен мандат.

Рахмон од 1992 година е на власт во Таџикистан, поранешна советска република во Централна Азија во која опозицијата е исклучена од политичкиот живот. Единствената Социјалдемократска партија, што се смета за опозиција во Таџакистан, не учествуваше на изборите, на кои излезноста, според Централната изборна комисија, изнесуваше 85 отсто.

Со победата Рахмон може да мине 30-та година на власт, што би било најдолго владеење во некоја од поранешните советски републики, со што ќе го собори рекордот на поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбајев.

Таџикистан има девет милиони жители, најсиромашна држава е во Централна Азија и ниту едни избори досега не се признати од набљудувачите како фер и демократски. Во периодот од 1992 година до 1997 година во земјата беснеше граѓанска војна меѓу прокомунистичките власти и муслиманските бунтовници, при што загинаа над 100.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот