Со барањето за избори сакаме да донесеме нов импулс и ново управување, вели Клековски од ВМРО-ДПМНЕ

Сашо Клековски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“, се осврна на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски во врска со предлогот на опозицијата предвремени избори да се одржат во мај. Ковачевски рече дека ова барање на ВМРО-ДПМНЕ е комплимент за Владата, бидејќи Христијан Мицкоски сака избори напролет, кога нема толку предизвици во енергетската сфера.

Клековски вели дека во барањето на партијата нема никаков комплимент.

-Во основа, ако сметате дека изборите во мај се довршување на енергетската криза, да потсетам дека би имало техничка Влада од февруари. Така што, воопшто не станува збор за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти Ковачевски одлично се справува со енергетската криза и поради тоа сакаме избори по завршувањето на таа енергетска криза, рече Клековски.

Тој додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ не му требаат избори (само поради изборите), туку дека партијата со барањето за предвремени избори во мај сака „да донесе нов импулс и ново управување“ во државата.

Ковачевски: Комплимент за Владата е дека Мицкоски бара избори во мај, не сака на зима за да не мора да се справува со економската и енергетска криза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот