Снопче: Нема посоодветен термин за одржување на прeдвремени парламентарни избори заедно со локалните

Халил Снопче

Нема посоодветен термин за одржување на прeдвремени парламентарни избори заедно со локалните, смета Халил Снопче, пратеник од редовите на Алијансата за Албанците.

– Попогоден термин за предвремени парламентарни избори заедно со локалните нема. Не треба да дозволиме да земе замав феноменот на купување пратеници, бидејќи тоа не ја отсликува волјата на граѓаните. Волјата на граѓаните после една ваква состојба, треба да се легетимира на избори- вели Снопче за „Слободен печат“.

Според него, во секоја област во државата има застој, додека Владата, додава тој, не покажала капацитет да владе со државата.

– Владата не покажа капацитет да владее со државата. Во секоја област имаме застој. Правосудството продолжува да биде политизирано, борбата против корупцијата не дава никакви резултати, напротив, перцепцијата на корупција е на највисоко ниво. Меѓународниот фактор не оценува како хибридна држава. Продолжуваме да бидеме нај централизирана држава во Европа – истакнува Снопче.

Билали-Зендели: Блокирањето на Собранието не е решение за проблемите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот