Фото: Pexels

Смрт за желудникот: Никогаш не ги мешајте овие две намирници со кафето!

Пиењето кафе е еден од омилените утрински ритуали за многумина. Многу лекари се занимавале со истражувањето на влијанието на кофеинот врз телото, а нивните мислења се различни. Меѓутоа, околу една работа повеќето од нив се согласуваат, а тоа е за самиот начин на консумирање кафе.

Имено, се верува дека ако кафето се консумира правилно, тоа не може да биде штетно и обратно.

Гастроентерологот Нурија Дијанова, која е и нутриционистка, откри со кои намирници кафето никако „не оди добро“. Станува збор за две кои многу луѓе ги земаат со или по црниот пијалак – алкохол и чоколадо!

– Најлоша комбинација е кафето со чоколадо или со алкохол. Со оглед на тоа што кафето со чоколадо, како и со алкохолот, помага да се релаксира долниот сфинктер на хранопроводникот, резултатот е појава на киселини, печење и рефлукс на содржината на желудникот во хранопроводникот – вели Дијанова.

Дури и ако не чувствувате непријатност, со текот на времето може да се појават знаци на воспаление на хранопроводникот, предупредува Дијанова. Исто така, гастроентерологот не препорачува да пиете кафе на празен стомак, што го прават најголем број луѓе во Македонија, бидејќи тоа влијае на лачењето (секрецијата) на желудникот.

Истовремено, д-р Дијанова откри и која комбинација се  препорачува, а тоа е еспресо кафе со бифтек.

– Еспресото е поконцентриран пијалак, содржи органски киселини кои го подобруваат процесот на варење, подобро делуваат на „компактното“ месо заедно со желудочниот сок – објаснува лекарката.

Некое време по еспресото, д-р Дијанова препорачува задолжително да испиете чаша вода за да ја надополните течноста во организмот, бидејќи кафето има диуретично дејство.

Сепак, лекарите предупредуваат дека претераното консумирање кафе има негативно влијание врз здравјето, пред сè, на срцевиот мускул, бидејќи по пиењето се зголемува бројот на отчукувања на срцето. Експертите напоменуваат и дека една или две шолји кафе на ден нема да имаат негативен ефект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот