Сметките за вода од денеска можат да се плаќаат и на новиот пункт во населба Лисиче

Наплатен пункт во населба Лисиче/ Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ денеска отвори нов наплатен пункт во населбата Лисиче, каде потрошувачите можат да ги плаќаат своите сметки, да ја пријавуваат состојбата на водомерите, да го проверуваат својот долг за потрошена вода, да пријавуваат дефекти и слични услуги.

Пунктот е лоциран во трговскиот центар во населба Лисиче и ќе работи само прва смена од 07:30 до 15 часот.

Вакви наплатни пунктови досега се отворени во Сарај, Шуто Оризари како и во дирекцијата на претпријатието.

 ЈП „Водовод и канализација“ располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во Капитол Мол и во Сити Мол во делот кај банкоматите. Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија – информираат од претпријатието.

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и ИОС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот