Сменет првиот човек на францускиот фудбал, по низата скандали

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

По низата скандали, Фудбалската федерација на Франција ќе добие нов претседател.

Извршниот комитет на федерацијата на вонредниот сотанок го смени актуелниот претседател Ноел Ле Грае. До именувањето на нов претседател функцијата ќе ја извршува потпретседателот Филип Дијало.

Во последните недели Ле Грае предизвика многу реакции со изјавата за Зидан кога се огласи и Килијан Мбапе. Подоцна се извини, но реакциите не стивнуваа. Набрзо потоа дојде и скандалот за сексусално вознемирување од фудбалската менаџерка Соња Суид. Таа го обвини Ле Грае дека сексуално ја вознемирувал во 2014 година.

Ле Грае во кариерата од 1991 до 200 година беше претседател на Лига 1 и потпретседател на ФФФ. Функцијата прв човек на фудбалскиот сојуз ја извршуваше од јуни 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот