Сме платиле најмалку 20 милиони евра за ковид-тестирања во приватните лаборатории

Земање брис / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Главиот државен ревизор, Максим Ацевски, вечерва во гостување на „Телма“ рече дека Државниот завод за ревизија утврдил дека за време на пандемијата граѓаните платиле дури 19,9 милиони евра за ковид тестирања во приватните лаборатории.

„Ние како државен завод за ревизија обелоденивме состојби коишто се многу интересни околу тоа колку одредени приватни здравствени установи оствариле промет. Земајќи го бројот на извршените тестирања за ковид-19 и применувајќи ја најниската цена на еден тест, констатиравме дека од граѓаните се одлеале 19,9 милиони евра. Дали во даден момент во услови на криза, државата требало да донесе одредена цена со која ќе ја фиксира услугата за тестирање од ковид-19, останува јавноста и надлежните органи да си утврдат дали имало потреба од такво постапување“, рече Ацевски.

Ацевски исто така упати и критика до институциите дека ги занемаруваат препораките и укажувањата на ДЗР, посочувајќи го како пример извештајот кој го изготвиле пред десет години за подготвеноста на државата да се справи со евентуална пандемија.

„Во тој период, пред да имаме сознанија дека воопшто ќе се појави пандемијата со ковид-19, констатиравме дека државата во суштина има одредени слабости во начинот на справување во услови на пандемија. Констатиравме дека немаме доволно сместувачки капацитети, констатиравме дека немаме доволно професионални работници кои што треба да се занимаваат со оваа област, констатиравме дека нема доволно персонал, дека старосната структура на персоналот не е доволна, дека немаме доволно медицински материјали, констатиравме дека немаме простори за карантин, итн. но, за жал по тие наши препораки и укажувања, во суштина не се презеде ништо“, рече Ацевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот