Случувањата во Црна Гора го вознемирија партијархот Иринеј

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека е длабоко потресен од актуелните случувања во Црна Гора по повод законот за слобода на вероисповедта или уверувањата и правната положба на верските заедници, објавено е денеска на сајтот на Српската православна црква (СПЦ).

СПЦ наведува дека патријархот ова го кажал во средата на средбата со новоименуваниот српски амбасадор во Црна Гора Владимир Божиновиќ.

Тој додаде и дека „посветено се моли” на Бога за мир и единство на црногорските државни органи и црковни великодостојници заради доброто на сите народи без разлика на вероисповедта и националната припадност на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот