Словенија укинува некои ограничувања, епидемијата ставена под контрола

СП - Архива

Државата ќе продолжи со олабавувањето на ограничувањата донесени поради епидемијата.

Словенечката Влада објави дека епидемијата на коронавирусот и дефинитивно е ставен под контрола, а денешна објавената информација за само едно новозаразено лице го потврдува тоа, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, изминатото деноноќие не се регистрирани починати, како последица на Ковид-19.

Овие податоци се дополнителен показател да може државата да продолжи со олабавувањето на ограничувањата донесени поради епидемијата.

Од денес се отворени меѓународните аеродроми, а карантинот за оние кои влегуваат во земјата е скратен само седум дена, а државната е заменета со домашена изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот