Словенија на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата

Љубљана, Словенија / Фото: Unsolash

Словенечкиот премиер Јанез Јанша од Собранието порача дека земјата најверојатно на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата поради коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Јанша ова нема да се случи единствено ако има неочекувано влошување на ситуацијата, односно ако се појават голем број новозаразени.

– Словенија за точно два месеци успеа да ја совлада епидемијата и моментално има најдобра епидемиолошка слика во Европа, а тое е услов да прогласиме крај на епидемијата на коронавирусот. Датумот 31 мај е одбран бидејќи тогаш завршува и поддршката предвидена со двата Закони во помош на граѓаните и економијата погодена од глобалната пандемија, изјави Јанша.

Премиерот, сепак, кажа и дека опасноста од втор бран е реален и дека земјата влегува во нова фаза во долгата борба со заразата. Јанша потврди и дека по прогласувањето на крај не епидемијата, заштитните превентивни мерки ќе останат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот