Словенија е првата европска земја што прогласи крај на епидемијата на коронавирусот
Словенија стана прва европска држава која прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, објави владата на вчерашната телефонска седница.
Ова следи откако Националниот институт за јавно здравје заклучи дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, при што во изминатите 14 дена биле регистрирани само 35 нови случаи на зараза.
Словенија прогласи епидемија на 12 март и во меѓувреме имаше 1.464 заразени и 103 починати од Ковид-19.
Словенечката влада се изјасни против продолжувањето на повеќето рестриктивни мерки до крајот на јуни.
Ноќни клубови, базени и теретани остануваат затворени, а непознато е и кога ќе се отворат поголемите хотели.
Државјаните на Европската Унија веќе нема да одат во карантин при влегувањето во Словенија.