Словенецот и дефинитивно останува во Вардар

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Словенешкиот интернационалец Сташ Скубе иако веднаш по освојувањето на втората европска титула на Вардар, изјави дека и наредната сезона ќе биде дел од „црвено-црните“, сега уште еднаш потврди дека не мрда од Скопје. Притоа, Скубе откри дека имал понуда од францускиот ПСЖ и било се договорено, трансферот не се реализирал во последен момент.

– Речиси се беше договорено со ПСЖ за наредната сезона, но потоа во последен момент се случи компликација која не би сакал да ја коментирам. Засега ситуацијата со Вардар е добра, се гледам себе како уште долго го носам дресот на Вардар. По освоената титула во ЛШ состојбата во клубот се стабилизираше и се чини дека Вардар нема да пропадне – изјави Скубе.

Словенецот во редовите на Вардар пристигна на почетокот од минатата сезона и тоа од ПИК Сегед, тимот што „црвено-црните“ го елиминираа во летвртфиналето на ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот