
Словенечката влада и синдикатите без консензус за солидарната помош
На преговорите за солидарност немаше консензус меѓу владините претставници и синдикатите од јавниот сектор за солидарна помош. Затоа оваа точка беше суспендирана. Тие ќе продолжат следната недела, но пред тоа, според државниот секретар од Министерството за јавна администрација Мојца Рамшак Пешец, владината страна мора да спроведе одредени анализи и да ги провери финансиските ефекти, информира Н1 Словенија.
Препорачано
Претседателот на Конфедерацијата на синдикати од јавниот сектор Бранимир Штрукељ, очекува дека владината страна ќе ја сослуша синдикалната страна, како во однос на износот, така и во односот помеѓу солидарната помош за членовите на синдикатот и оние кои не се членови.
„За синдикалната страна, прашањето за солидарната помош е навистина многу важно, особено затоа што тоа е едно од правата за кои напорно се боревме во преговорите – дополнителна придобивка за членовите на синдикатот“, додаде раководителот на преговарачката група на синдикатите од јавниот сектор, Јакоб Почивавшек.
Тој најави дека ќе инсистираат на оваа точка. Според државниот секретар во Министерството за јавна администрација, Мојца Рамшак Пешец, предмет на преговорите е прагот за добивање право на солидарна помош.
„Не преговаравме за износот и износот нема да се промени“, нагласи таа.
Во меѓувреме, според неофицијални информации, се вели дека синдикатите бараат не само зголемување на општиот праг за солидарна помош, туку и зголемување и одржување на повисока солидарна помош за членовите на синдикатот.