Словенците тргнаа на викенд во Хрватска, колони возила на граница

Mejni prehod Obrezje, postaja mejne policije. Mejni prehod Obrezje, kontrola prometa.

Владата одлучи на своите и граѓаните на другите земји членки на Европската унија, да им го укине задолжителниот 14 дневен карантин по влезот во земјата.

Словенците масовно тргнаа на викенд од соседна Хрватска, откако Владата одлучи да го укине задолжителниот карантин за оние кое се враќаат во земјата од странство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според информациите на словенечкото Министерство за внатрешни работи на словенечко-хрватскиот граничен премин крај Истра, за излез од државата поради застој се чека и до два часа, додека на преминот Обрежје еден час.

Инаку, Владата одлучи на своите и граѓаните на другите земји членки на Европската унија, да им го укине задолжителниот 14 дневен карантин по влезот во земјата. Ова одлука која беше на сила од средината на март е укината за сите, освен за граѓаните од трети држави, односно за оние од државни кои не се дел од ЕУ.

Во карантин нема да одат и граѓаните на трети земји кои имаат привремено или трајно живеалиште во ЕУ, а во странство не биле повеќе од две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот