„Слободен печат“ на гласањето во Лондон: Слаба излезност на дијаспората во Британија

Гласачко место во македонската амбасада во Лондон/ Фото: Слободен печат/ Борјан Бојчев

ПН: Од македонската Амбасада во Лондон велат дека фактот што вторникот беше работен ден во Британија може да се наведе како главна причина за слабата излезеност на македонските државјани

Првиот круг од претседателските избори на кои гласаше македонската дијаспора во Велика Британија и Северна Ирска во вторникот ппомина мирно и со слаба излезност. И покрај тоа што имаше вкупно 87 пријавени гласачи, малкумина од нив дојдоа да гласаат.

Вторникот како работен ден во Велика Британија веројатно беше причината поради слабата излезност на македонските државјани. Речиси сите од гласачите кои дојдоа да го дадат својот глас живеат во близина на Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, па немаа проблем да излезат од работното место.

Според вработените во Амбасадата, за оние кои живеат подалеку од Лондон е проблематично да дојдат и да гласаат, токму поради тоа што оваа година изборите во Македонија се одржуваат во среда (вторник за дијаспората).

Тмурното и врнежливо време, по кое е и позната Британија, можеби беше додополнителна причина поради која македонските граѓани во Британија не го искористија своето право на глас.

Имаше неколку случаи на граѓани кои заборавиле да се пријават за гласање, а кога дојдоа во Амбасадата сфатија дека имале пропуст. Но, доколку се вратат во Македонија, тие ќе можат да гласаат во вториот круг од претседателските избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот