Скопјани нападнати на првомајски излет, шестмина нивни роднини им се нафрлиле на Средно Водно

Фото: Spencer Hawken / Google Maps

Двајца млади жители на Скопје вчера биле нападнати од шестмина нивни роднини на паркингот на Средно Водно, соопшти полицијата.

„На 01.05.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Б.(30) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на паркинг простор на средно Водно, тој и Х.Б.(36) од Скопје биле физички нападнати од нивните роднини Л.К., Т.К., Е.К., А.К., Е.К. и В.К., кои го оштетиле и неговото возило „шкода октавиа” со скопски регистарски ознаки“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот