Скопјанец со службен пикап прегазил две пензионерки

Фото: илустрација / Општина Кисела Вода

48-годишен скопјанец кој возел пикап, удрил во две 88-годишни жени во населбата Кисела Вода, а жртвите завршиле во болница, соопшти полицијата.

Според МВР, во 19 часот било пријавено дека на улицата „Томе Арсовски“ во скопската населба, товарно моторно возило “Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(48) од Скопје, удрило во Н.М.(88) и Р.П.(88).

„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле Н.М. и Р.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот