Скопјанец со податоци од туѓи платежни картички си купувал на интернет

платежни картички
Платежни картички / Фото: Архива на „Слободен печат“

Полицијата вчера го лишела од слобода 23 годишниот Г.Д поради сомнение дека злоупотребил туѓи податоци од платежни картички и ги употребил за онлајн плаќање.

„СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Г.Д.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” казниво по член 251 од Кривичниот законик. Пријавениот обезбедил податоци од платежни картички на две лица и во периодот од 31.05.2022 до 17.06.2022 ги употребил за плаќање на повеќе интернет продажни места“, информираат од МВР.

Притоа, едното лице го оштетил за сума од 120.310 денари, а другото лице го оштетил за сума од 14.901 денари, со што за себе остварил противправна имотна корист во вкупен износ од 135.211. денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот