Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Скопјанец продавал карти за измислен концерт

25-годишен жител на Скопје мислел дека е паметен, но испаднало дека не е многу и сега ќе одговара за измама, откако преку веб-страница продавал карти за непостоечки концерт, соопшти МВР.

„Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по чл.251-б од Кривичниот законик. А.Х. во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот