Скопјанец ѝ додевал на 15 години помладата бивша девојка и го уапсиле, се вмешала и мајка му

Фото: МИА

Рано утрово во Скопје е уапсен жител на градот кој ја вознемирувал неговата поранешна девојка од село во радовишко, соопшти МВР.

„На 01.11.2022 во 03.20 часот на ул.„Христо Татарчев” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.В.(41) од Скопје, затоа што околу 02.45 часот ја вознемирувал неговата поранешна 26-годишна девојка од радовишко село. При приведувањето, неговата мајка Л.В.(75) од Скопје се однесувала агресивно и ги попречувала полициските службеници во вршење на службеното дејствие“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот