Скандал на женското СП, Американка одби да ја пее химната

Американската репрезентативка, Меган Рапино на женското Светско првенство во фудбал, одби да ја пее американската химна која се свиреше пред натпреварот помеѓу САД и Тајланд и ги продолжи протестите против администрацијатана својата земја. Женскиот Мундијал се одржува во Франција, а репрезентацијата на САД која ја брани титулата, во првото коло го совлада Тајланд со дури 13:0.

– Најверојатно никогаш нема да ја ставам раката преку срцето и веројатно повеќе никогаш нема да ја пеам националната химна. Навистина е добро чувството да му се каже на Трамп и на неговата администрација „Е**те се“. Тие навистина лошо се однесуваат кон луѓето кои не изгледаат како нив – изјави Рапино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот