Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA ULASHKEVICH

Синер со лесна победа тргна во Пекинг, Чилиќ освои само четири гема

Вториот рекет на светот, Јаник Синер, со сигурна игра и без многу мака го мина првото коло на турнирот во Пекинг, совладувајќи го искусниот Марин Чилиќ со убедливи 2-0 во сетови (6-2, 6-2).

Хрватот успеа да парира само на стартот од двата сета во првиот до резултат 2-2, а во вториот до 1-1,  потоа следеше доминација на Синер кој лесно ги затвори двата сета за триумф и пласман во следната рунда.

Италијанецот уште еднаш покажа зошто се наоѓа меѓу водечките на АТП листата, а во следната рунда ќе се сретне со Французинот Атман.

Во меѓувреме, и Карлос Алкараз имаше настап, но на турнирот во Токио. И покрај тоа што се соочи со мала повреда, младиот Шпанец успеа да стигне до победа во два сета, продолжувајќи го својот поход во јапонската престолнина.

Преземено од: Спорт.ком.мк

ВИДЕО | Карлос Алкараз се повреди во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот