Симсон: ЕУ не може да го забрани увозот на соларни панели

Фото: EPA-EFE/Peter Komka

Европската унија треба да им помогне на домашните производители на соларни панели, но не може да ги затвори границите за увоз на овие производи, предупреди европскиот комесар за енергетска политика Кадри Симсон, информира „СЕЕ.биз.еу“.

На крајот на јануари, европските производители на соларни панели побараа од Европската унија мерки за итна помош за да се зачува производството во услови на евтиниот кинески увоз и акумулираните залихи кои ги принудија да ги намалат цените и да го затворат производството. Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, здружението на производители EСМЦ предупреди дека европските производствени капацитети би можеле да се намалат повеќе од половина во рок од неколку недели, доколку ЕУ итно не им помогне.

EСМЦ бара од ЕУ програма за откупување на вишокот резерви на соларни модули за да се намали прекумерната понуда. Тие бараат и измена на регулативите за државна помош и посилна владина поддршка за домашните производители.

Ако не може да ги спроведе овие мерки на краток рок, ЕУ треба да размисли и за механизми за „заштита“, како што се царини и квоти, кои би го ограничиле увозот, сугерира здружението.

ЕУ работи на голем број инструменти за поддршка на соларната индустрија, рече еврокомесарот за финансиска стабилност Мериад Мекгинис на почетокот на февруари во Европскиот парламент, нагласувајќи во исто време дека потенцијалните мерки мора да се одмерат во однос на поставениот цели во енергетската транзиција. Министрите за енергетика денеска ќе ги разгледаат предлозите за решенија за проблемите во секторот за соларни панели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот