Фото: Pixabay

Симптоми на висок шеќер во крвта кои можете да ги забележите на вашето лице

Високиот шеќер во крвта е состојба која многу луѓе не ја препознаваат веднаш, иако може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Уште еден начин на кој можете да ја забележите оваа појава е со набљудување на промените на вашето лице.

Промените во вашата кожа, обликот на лицето или дури и состојбата на вашите очи, може да укажуваат на тоа дека вашиот организам има проблеми со контролата на шеќерот во крвта.

Уште еден од знаците за висок шеќер во крвта може да биде обликот на лицето. Заобленото и надуено лице може да биде последица на прекумерен внес на јаглехидрати и шеќер, што може да укажува на проблем со шеќерот во крвта. Исто така, црвените очи може да бидат симптом на проблеми со црниот дроб, иако тоа може да биде предизвикано и од недостиг на сон или недостиг на витамини, но во повеќето случаи тоа е знак за проблеми со црниот дроб.

Друг знак што може да се забележи на лицето се подуени очи. Овој оток може да укажува на тоа дека бубрезите имаат проблеми со задржување на течности. Ако забележите дека вашата кожа е мрсна, тоа може да значи дека имате високи нивоа на инсулин или недостиг на цинк.

Сувата, лушпеста кожа исто така може да биде знак за проблеми со црниот дроб или на вишок омега-6 масни киселини во телото. На сувата кожа може да влијае и нерамнотежата во исхраната, а употребата на одредени додатоци (суплементи) може да помогне да се врати рамнотежата. Исто така, мрсната кожа може да укажува на високо ниво на андрогени, што често се поврзува со зголемени нивоа на инсулин во телото.

Акните како знак за висок шеќер во крвта

Појавата на акни на кожата може да биде поврзана и со високо ниво на шеќер во крвта. Акните се предизвикани од зголемено ниво на андрогени, кои се резултат на прекумерен инсулин. Промената во исхраната и внесот на одредени минерали, како што е цинкот, може да помогне да се намалат овие проблеми.

Високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика различни промени на вашето лице, вклучувајќи промени во обликот на лицето, кожата, очите, па дури и акни. Препознавањето на овие симптоми може да биде првиот чекор во препознавањето на проблемот и почеток на правилна нега за вашето здравје.

Доколку забележите некој од овие знаци, важно е да внимавате на исхраната, начинот на живот и, доколку е потребно, да побарате медицинска помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот