Силвестер Сталоне запрепасти многумина со новиот изглед (ВИДЕО)

Силвестер Сталоне со заминувањето во пензија си даде одмор на себе си, а се повеќе се забележува и дека годините полека но сигурно го стигнуваат.

Долго време се зборуваше и дека оди на разни третмани за затегнување на лицето, подмладување и дека прави се за да го запре времето, но изгледа дека во 74-та година од животот Силвестер Сталоне конечно малку се опуштил.

Во новото видео кое го објави на службениот Инстаграм профил фамозниот Роки, како што е познат, го покажа својот нов изглед.

Имено популарниот холивудски актер се уште е во спортска форма и се грижи за својот физички изглед, но кога станува збор за дотерувањето и бојадисувањето на косата, тој малку попуштил.

Тој јавно покажа како изгледа со седата коса, па на сите им докажа дека нема повеќе проблеми со стареењето.

The post Силвестер Сталоне запрепасти многумина со новиот изглед (ВИДЕО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот