Силјановска-Давкова: Зошто не би била првиот претседател-жена?

– Дојдов во Прилеп да положам цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, всушност првиот претседател на Македонија, Методија Андонов-Ченто. Тоа е моќна симболика, затоа што еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот –  изјави кандидатот за претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова при денешната кратка посета на Прилеп.

Таа положи цвеќе пред споменикот на Ченто во центарот на градот и се сретна со граѓаните во центарот на градот.

Силјановска-Давкова, не гледа зошто таа не би била првиот претседател-жена на Република Македонија.

– Партизаните активно се вклучиле на вистинската страна, што значи уште оттогаш Европа и Европската Унија биле нешто природно за нас. Она што тревожи е што кога јас бев во основно и средно училиште, за Ченто не учевме. Ние не смееме да си ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата, а потоа да се срамиме од тоа, односно да се срамат оние кои ги криеме. Што се однесува до мене, симболиката би била, ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена – првата претседателка на Република Македонија – заклучи кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова при денешната посета на Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот