Сиљановска-Давкова и Радев не остварија средба во Рим поради различните агенди

Сиљановска-Давкова со папата Франциск Фото: Кабинет на претседателот

Претседателката Сиљановска-Давкова е на неколкудневна посета на Ватикан и Рим каде што денес во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

На аудиенцијата кај Папата денеска беше и бугарскиот претседател Румен Радев, но Сиљановска-Давкова и Радев не остварија средба поради, како што посочи Сиљановска-Давкова, неусогласување на агендите. Подготвеност за средба имало и од двете страни и таа е планирана за некоја наредна прилика.

– Изразивме подготвеност, но до средба нема да дојде. И двете делегации имаме агнеда меѓутоа рековме дека час поскоро, во првиот можен момент, ќе ја реализираме, изјави Сиљановска-Давкова.

Радев денеска ќе присуствува во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“, а претседателката Сиљановска-Давкова, според агендата, утре ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот