Силјаноска: СЈО се појави зошто не го биваше јавното обвинителство

Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевизија 24 се осврна областите право и правда. Според неа актуелната ситуација и постапувањето на правосудните институции говори за квалитетот на судството.

-Нема ни право, нема ни правда, има партизирана, политизирана држава“, рече професор Силјановска.

Професорката се повика на податоци од проект за владеење на правото, во кој има индекс на владеење на правото и се контастира дека Македонија во 2018, во  2019 година е хибриден режим. Говорејќи за СЈО и случајот Рекет, професорката посочи дека во случајот Рекет не е можно мозокот на операцијата да се поранешната јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан 13.

-СЈО се појави зошто не го биваше јавното обвинителство кое беше најобојуваната институција. И ние велевме кој да биде обвинител не Зврлевски, не Јовевски, нека биде некој од фелата некој од професорите како Калајџиев- рече Силјановска.

Според неа лошо стартуваше реформата на правосудството.

-Што се случува кој ја започна реформата премиерот кој го водеше телото за реформа, што се случува сега пукаат бомби, а во новиот Закон за јавно обвинителство бомбите не се доказ, рече Силјановска која  укажа дека претседателот Мицкоски јасно кажува секој што се огрешил треба да одговара.

-И јас сметам дека секогаш кога има индиции треба да има постапка- рече Силјановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот