Сијарто: Унгарија не поддржува нови санкции за руските енергенси

Петер Сијарто и Сергеј Лавров
Средба на Петер Сијарто и Сергеј Лавров во Москва, Русија / 21 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Унгарската Влада нема да го поддржи предлогот на Естонија за воведување нови санкции на испораките руска енергија во земјите на ЕУ и нема намера да воведе никакви визни ограничувања за руските граѓани, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Сијарто по телефонскиот разговор со неговиот естонски колега Урмас Рејнсалу појасни дека властите во Талин веќе покажале иницијатива да изнесат предлози до целата Европска унија во однос на осмиот пакет санкции против Москва што треба да вклучува целосно ембарго на енергенси од Русија.

Шефот на унгарската дипломатија вели дека Будимпешта се спротивставува на таквите идеи.

„Не сакаме ни да преговараме за енергетски санкции“, напиша Сијарто на својот Фејсбук профил.

Тој, исто така, најави дека унгарската Влада нема намера да воведе никакви ограничувања во однос влезните визи за руските граѓани, како и дека по прашањето ќе следи сличен став каков што имаат некои од членките на Европската унија.

„Го споделуваме ставот на германскиот канцелар и не планираме да воведуваме никакви ограничувања“, напиша Сијарто.

Минатата недела Литванија повика на замрзнување на издавањето визи за руските граѓани во цела ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот