Фото: EPA-EFE

Сијарто му се закани на Зеленски: Зборувај со почит за Унгарија, без нас немате поддршка од ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто порача дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да зборува со поголема почит за Унгарија, нагласувајќи дека Украина е зависна од поддршката на ЕУ, „каде што без согласност на Будимпешта не може да се донесе ниедна одлука – без разлика дали тоа му се допаѓа на Зеленски или не.

Сијарто на социјалната мрежа „Икс“ реагираше на изјава на Зеленски, кој претходно повика Европа да го следи американскиот претседател Доналд Трамп и да престане да купува руска нафта, додавајќи дека „кратковидо е да се оди против САД“ и дека „народот на Унгарија треба јасно да го чуе тоа“.

За потсетување, пред неколку дена Брисел го поздрави планот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да го заобиколи ветото на Унгарија и да продолжи со кандидатурите за членство на Украина и Молдавија во ЕУ.

Според предлогот на Кошта, квалификувано мнозинство од земјите би гласало за отворање на преговарачките кластери за двете земји. Постојните правила бараат сите 27 земји-членки на ЕУ да дадат зелено светло за секоја фаза од процесот на пристапување.

„Можноста за овластување на Советот да одлучува со квалификувано мнозинство би можела да се истражи за одредени привремени чекори во процесот на проширување“, изјави денеска Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија за проширување.

Орбан: Украина не е суверена земја, таа е финансирана од ЕУ, а Западот ѝ дава оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот