Шведска препорача граѓаните да не патуваат надвор од Европа до 15 април

Фото архива

Шведска ги продолжи препораките против неважни патувања во сите земји надвор од Европа до 15 април, се вели во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи во Стокхолм.

– Постои многу неизвесност и невозможно е да се предвиди кога ќе биде можно безбедно и слободно да се патува низ целиот свет поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, соопшти шведското МНР.

Шведска уште на 14 март минатата година за првпат издаде препорака до населението да ги одложат непотребните патувања во сите земји поради ширењето на Ковид-19, но во меѓувреме ја повлече таквата мерка за многу земји во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот