Штрајк на таксистите во Атина

Такси возило во Грција
Такси возило во Грција / Фото: EPA/ALKIS KONSTANTINIDIS

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 48-часовен штрајк поради проблемите со кои се соочуваат во нивниот сектор, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз.

Од Синдикатот велат дека „економскиот модел на управување што го избра Владата го става на мета секој вид на индивидуален бизнис во земјата“ и бараат низа мерки, меѓу кои и задржување на ДДВ-то на 13 отсто.

Таксистите со 48-часовниот штрајк учествуваат во утрешниот штрајк што го закажа Синдикатот на вработени во јавниот сектор по повод годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица.

Атина, утре освен без такси превоз, ќе биде и без метро и трамвај, а во штрајкот со прекини во работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите, додека пак цела Грција утре ќе биде без бродски и железнички превоз, а се очекуваат проблеми и во авионскиот, со оглед на тоа дека во штрајкот веројатно ќе учествуваат и контролите на летање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот