Што се нема да им текне: во фалсификуваниот мед се додава дури и сода бикарбона!

Фото: Pixabay

Експертскиот тим на Европската пчеларска асоцијација (ЕБА), чиј член неодамна стана Србија, ги повика сите земји од ЕУ итно да го решат проблемот со фалсификуваниот мед, бидејќи пчеларството е под закана. Како што наведоа, поради се посилната нелојална конкуренција и пазарен притисок на фалсификувани, т.е. од лажниот мед кој ја преплави Европа, пчеларите масовно губат интерес за чување пчели, пишува Политика.

Од Европската пчеларска асоцијација велат дека Европејците знаат дека европските пчелари ги следат правилата на традиционалното производство, се грижат за пчелите и доставуваат безбеден мед со врвен квалитет до потрошувачите.

Европската комисија неодамна објави дека речиси 50 отсто од увезениот мед е лажен.

„Повеќето фалсификати се обичен шеќерен сируп со адитиви, пчелите обично не го ни виделе тој лажен мед, тој служи само за да ги измами потрошувачите и да ги профитира фалсификаторите. Фалсификуваниот мед претставува ризик по здравјето на потрошувачот, бидејќи му се додава дури и сода бикарбона (брза сода или каустична сода), вештачки ензими (кои исто така се додаваат во таканаречениот вегански мед, кој всушност не постои, бидејќи му се додаваат вештачки вкусови, вештачки бои, шеќери со низок квалитет.

Во таквиот лажен мед, нема апсолутно никаква биолошка вредност што пчелниот мед му ја дава на човечкото тело, поради што го јадеме“, наведуваат од Здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот