Шри Ланка најави забрана за бурки

Шри Ланка денеска најави планови за забрана за носење бурка и затворање на повеќе од илјада исламски училишта, медреси, а како причина за овие мерки ја наведе националната безбедност.

Министерот за јавна безбедност Сарат Верасекара изјави дека вчера потпишал документ со кој се бара Владата да забрани носење бурка.

Тој истакна дека муслиманските жени и девојчиња во Шри Ланка не носат бурки, но оти тоа е „знак на верски екстремизам во последно време”.

Островската држава привремено забрани бурки во 2019 година, по бомбардирањата на црквите и хотелите на Велигден, кога беа убиени повеќе од 260 луѓе. За нападите беа обвинети две локални исламски групи, кои прогласија верност кон Исламска држава.

Верасекара исто така рече дека повеќе од 1.000 медреси ќе бидат затворени затоа што не се регистрирани кај надлежните органи и не ја следат државната политика за образование.

Муслиманите сочинуваат околу девет проценти од 22 милиони жители на Шри Ланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот