Шолц со поддршка: Гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија

Ковачевски и Шолц/ Фото: Влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака со поддршка за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за претседателот на партијата Димитар Ковачевски и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

– Изборот е во ваши раце, порача Шолц во видео пораката што беше прикажана на одбележувањето на почетокот на кампањата на СДСМ за парламентарните избори и додаде дека европската иднина на Северна Македонија ќе се поддржи со давaњето на гласот за СДСМ, со Димитар Ковачевски како премиер и Стево Пендаровски како претседател.

Тој кажа дека патот кон ЕУ не беше лесен за Северна Македонија, како и дека неуспесите и одложувањата разбирливо доведоа до разочарување во нашата земја.

– Но, ве молиме не дозволувајте ова да ги поткопа вашите европски амбиции. Ова е вистинскиот пат и имам целосна доверба дека тие успешно ќе ја водат Северна Македонија до целта и во Европската унија, нагласи Шолц.

Тој исто така посочи дека нема сомнеж дека за тоа се потребни тешки одлуки, одлуки кои бараат храброст и лидерство кое што, според него, „народот на Северна Македонија и СДСМ го покажале во минатото“, а убеден е дека тоа ќе го покажат уште еднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот