Шолц бара од Кина да не ја поддржува Русија

Олаф Шолц / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека ќе го предупреди кинескиот претседател Си Џинпинг да не и обезбедува воена поддршка на Русија.

Тој ќе посочи дека Русија води освојувачка војна против Украина „и инсистира дека никој не смее да помогне ова да успее. Затоа, ние исто така ги повикуваме сите да не ги заобиколуваат санкциите… и затоа бараме да не се испорачува оружје“, рече денеска Шолц во Шангај.

Нагласи дека тоа важи и за стоките што можат да се користат и за цивилни и за воени цели.

Кина се смета за најважен сојузник на Русија и постои сомневање дека испорачува таква стока.

Шолц утре во Пекинг ќе се сретне со Си и со премиерот Ли Чијанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот