Фото: Profimedia

Шокантно откритие на научниците: Часовите по свирење можат да направат нешто неверојатно во мозокот

Многумина ја сметаат музиката за лек за душата, но новите истражувања покажуваат дека таа е многу повеќе од тоа. Научниците откриле неверојатни промени во мозокот кај луѓето кои учат да свират музички инструмент.

По години работа со музичари и набљудување на нивната упорност во вежбањето и покрај болката предизвикана од илјадници повторливи движења, се запрашав: ако музичката обука може да го преобликува мозокот на толку многу начини, може ли да го промени и начинот на кој музичарите ја чувствуваат болката? Тоа беше прашањето на кое моите колеги и јас сакавме да одговориме во нашето ново истражување“, пишува Ана М. Заморано, вонредна професорка на Универзитетот во Орхус, за „Конверзејшн“.

Како музиката го менува односот кон болката

Научниците веќе знаат дека болката активира неколку реакции во нашето тело и мозок го менува нашиот фокус, мисли, движења и однесување. Ако, на пример, допрете жежок сад, болката ве тера да ја тргнете раката пред да се изгорите сериозно. Болката исто така ја менува и мозочната активност, обично ја намалува активноста во моторниот кортекс – делот од мозокот што ги контролира мускулите – за да спречи прекумерна употреба на повредениот дел.

Музичарите чувствуваат помалку болка

„Истражувањата покажале дека упорната болка може да ја намали таканаречената „телесна мапа“ во мозокот – местото од каде мозокот испраќа наредби кои мускули да се движат и кога. Ова намалување е поврзано со посилна болка. Но, не сите луѓе реагираат исто – некои се поотпорни на болка, а нивниот мозок е помалку чувствителен на неа.

Нашиот тим сакаше да истражи дали музичката обука и промените што ги предизвикува во мозокот влијаат на тоа како музичарите ја чувствуваат и поднесуваат болката“, објаснува професорката Заморано.

Како било спроведено истражувањето

„За да го испитаме ова, намерно предизвикавме болка во раката кај музичари и луѓе што не се музичари, за да видиме дали постои разлика во нивните реакции.

Користевме соединение наречено фактор на раст на нервите – протеин што вообичаено ги одржува нервите здрави, но кога се инјектира во мускулите на раката, предизвикува привремена болка неколку дена.

Потоа применивме техника магнетна стимулација (TMS) за да ја измериме мозочната активност и да создадеме „мозочна мапа“ на тоа како мозокот ја контролира раката – пред инјекцијата, два дена подоцна и осум дена подоцна.“

Резултатите биле неверојатни

„Кога ги споредивме мозоците на музичарите и на оние кои не се музичари, разликите беа впечатливи.

По инјекцијата, музичарите пријавиле помала непријатност, и додека кај оние кои не се музичари мозочната мапа се намалила по само два дена болка, кај музичарите останала непроменета. Всушност, колку повеќе свиреле толку помалку болка чувствувале.

Иако ова било мало истражување со 40 учесници, резултатите јасно покажуваат дека мозокот на музичарите реагира различно на болка. Нивната долгорочна обука им дала одредена заштита од негативните ефекти на болката, и во нејзината перцепција и во реакцијата на моторните области на мозокот.“

Музиката како можна терапија

„Се разбира, ова не значи дека музиката е лек за хронична болка“, нагласува професорката. „Но покажува дека долготрајната обука и искуството можат буквално да го обликуваат начинот на кој ја доживуваме болката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот